Уште на стартот возбудувања во Супер и Прва лига во пинг понг

94

Новата пинг понг сезона во Супер и Прва лига за мажи започна и веќе првото коло донесе возбудливи натпревари.

Во Супер лигата ППК Астраион од Струмица, кои годинава се промовираа во најдобрата македонска лига, против Телеком Нец 2 од Скопје беше најинтересниот натпревар од првото коло. Натпреварот заврши со победа над скопската екипа и тоа со победа во решавачкиот дуел.

Во Првата лига ППК Студент од Скопје издвојува тесна победа од 4:3 во дуелот со ППК Кочани.

Останатите резултати:

СУПЕР ЛИГА 1 коло

1.ППК Шампиони ФА -ППК Младост 4-1

2.ППК Младост96 – ППК Радовиш 4-2

3.ППК Кр.Паланка – ППК Вардар 4-1

4.ППК Астраион ППК Телеком Нец 2 3-4

5.ППК Пелагонија ППК Берово 4-0

ПРВА ЛИГА 1 коло

1.ППК Кр.Паланка 2007- ППК Берово2 4-1

2.ППК 1060 АС Ѓ.Петров-ППК Куманово 4-1

3.ППК Дебар Маало- ППК Работнички 1-4

4.ППК Борец-Тим ППК Рисови 4-0

5.ППК Студент ППК Кочани 4-3

Второ и трето коло од двете лиги ќе се одиграат на 20-ти Октомври. Натпреварите од Супер и Прва лига се играат во спортскиот центар Јане Сандански во Скопје.

ПретходноПочина легендарниот холандски фудбалер Јохан Нескенс
СледноАлкалоид ја „среди“ и Струга за „шест од шест“