Иниеста стави крај на фудбалската кариера

182

Поранешниот играч за врска на Барселона и шпанската репрезентација Андрес Иниеста објави крај на кариерата. Ова го објави на своите страници на социјалните мрежи.

39-годишниот Шпанец беше во школата на Барселона па потоа и во А тимот од 1996 до 2018 година. Во овој период одигра 674 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 57 гола и даде 136 асистенции. Со каталонскиот клуб освои вкупно 32 трофеи.

Андрес играше и за јапонскиот Висел Кобе. Одигра 134 натпревари, на кои постигна 26 гола и 25 асистенции.

Последниот клуб на Иниеста беше Емирати од ОАЕ, каде успеа да постигне пет гола на 23 натпревари.

Како дел од шпанската репрезентација, Иниеста двапати го освои ЕП и еднаш СП. Има 131 натпревар, 14 гола и 30 асистенции.

ПретходноПирова победа на ЖРК Металург во Еврокупот, Јанкуловска постигна 14 голови
СледноФудбал и мода – погледнете во што дојде играчот на Ливерпул на собирот на репрезентацијата