Некогашниот НБА кошаркар за влакно се спаси во поплавите во БиХ

321

Силните, обилни и често фатални поплави кои ја погодија Босна и Херцеговина во изминатите неколку дена одзедоа и многу животи. Голем број луѓе кои загинаа беа од околината на Јабланица по уривањето на каменолом. Еден од они кој успеаја да се спасат и навреме да избегаат пред страшната стихија беше и екс-кошаркарот на БиХ и НБА ѕвеза, Мирза Телетовиќ.

Бидејќи и самиот е од овој регион, Телетовиќ решил да изгради мала хидроцентрала на реката Чвршница, која била инвестиција од повеќе милиони долари. Но, под налетите на поројот хидроцентралата „пукна како коцка“, а Телетовиќ добил наредба од надлежното министерство да ги отвори сите вентили на браната. Тој успеал да го стори тоа, а потоа избегал со теренецот назад. Пред него се урнал рид, па морал да бега на друга страна.

„На крајот, мораше да го остави автомобилот и да се пробие низ шумата и низ калта до куќата“, изјави за Слободна Далмација Арман Ризвиќ, кој работи во кафулето на Телетовиќ во Јабланица.

ПретходноТатко и син: Леброн и Брони го одиграа првиот заеднички НБА меч (ВИДЕО)
СледноКејн се повреди, неизвесен за дуелите во Лигата на нации