Охрид утре ќе почне со продажба на билетите за мечот со романска Потаиса Турда

52

И охриѓани се подготвуваат за своето европско претставување. Тимот коој имаше одличен старт во новата сезона со нетрпение го чека својот меч со екипата на АХЦ Потаиса Турда од Романија во рамките на 2. коло од ЕХФ Европскиот куп кој е закажан за 19 октомври.

Од клубот објавија дека од утре ќе почне продажбата на билетите за дуелот со Романците кој ќе се одигра во салата „Билјанини Извори“ на 19 октомври од 19 часот. Цената на билетите за сите блокови е 250 денари, а ќе се продаваат преку продажната мрежа на МКТикетс.

ПретходноБразил остана и без Милитао за дуелите со Чиле и Перу
СледноНадал ќе игра за Шпанија во Дејвис Купот?