Пирова победа на ЖРК Металург во Еврокупот, Јанкуловска постигна 14 голови

75

Ракометарите на ЖРК Металург го завршија настапот во квалификациите за Еврокупот откако во реваншот против турскиот Гореле славеа со 37-34 што беше недоволно да се анулира поразот од првиот меч од 28-36.

Металург имаше предност од шест гола на полувреме (21-15), но во финишот не успеа да ја престигне онаа негатива од осум голови од првиот натпревар.

Најдобра ракометарка кај Металург беше Марија Јанкуловска со дури 14 погодоци, а осум постигна Михаела Кралева.

ПретходноКоментар на 9.коло: Работнички е ЧУДО, Работнички “ГАЗИ“, Работнички е ЛИДЕР!
СледноИниеста стави крај на фудбалската кариера