Поради повреда: Без Чурлинов против Летонија и Ерменија!

99

Лоша вест за селекторот Благоја Милевски за сите во репрезентацијата. Имено поради повреда на вчерашниот меч меѓу неговата Јагелонија и Легија Варшава, во дербито во Суперлигата во Полска, Дарко Чурлинов нема да биде во комбинација за претстојните мечеви против Летонија и Ерменија.

Навистина штета, ако се знае како Дарко одигра во четвртокот во Копенхаген во Лигата на Конференции, кога во 90+8.минута со прекрасен гол му донесе победа на својата Јагелонија, а и вчера на дербито беше стартер.

Допрва ќе се знае дали Милевски ќе повика нов играч место Чурлинов.

ПретходноЕдна година надвор од терените: Карвахал има скинати лигаменти и повреда на тетивата
СледноПроблеми со напаѓачите: Отпадна и Трајковски!