Кенискиот атлетичар Кипјегон Бет почина на 27 годишна возраст како последица на здравствени проблеми. Пред еден месец тој побарал лекарска помош поради повраќање на крв, а и покрај лечењето не успеал да се спаси. Првите извештаи говорат дека причината за смртта била сериозно оштетување на црниот дроб.
Бет беше светски првак до 20 години на 800 метри во 2016 година и освојувач на сребрен медал во штафетата 4х800 метрио на СП 2017 година. Освои и бронза на СП во Лондон 2017 година исто така на 800 метри. Бил и суспендиран во 2018 на четири години поради допинг, односно позитивен тест на ЕПО, а на трките се вратил во 2022 година.
Rest in peace, Kipyegon Bett.
The former junior 800m world champion has died following a short illness. pic.twitter.com/sCjAz0TuVB
— BBC Sport (@BBCSport) October 7, 2024