ТИМ И ИГРАЧ НА 9.КОЛО: Компаоре блескаше на Арената

165

Струга ТЛ како гостин со 1:4 го победи Вардар во меч од 9.коло во ПМФЛ и тоа на Националната Арена “Тодор Проески“, а два од тие четири гола беа дело на Басиру Компаоре. И не само поради тие два гола туку и поради тоа како одигра напаѓачот од Буркина Фасо, според “СпортСпорт“, токму тој е играч на ова коло. Без конкуренција.

Одлични беа и Укпа и Камбери, како и стандардно сигурниот Кривањева, сепак сите почести одат кон Компаоре.

Покрај нив четворица во тимот на колото се и Захов, Незири и Скендери (Беса), Садик и Регба (Работнички), Канда и Едмундсон (Шкупи).

Тоа се тие единаесет играчи од ПМФЛ кои се во идеалниот состав на 9.коло според нас.

ИГРАЧ НА КОЛОТО

БАСИРУ КОМПАОРЕ

Тим: Струга Трим Лум

Роден: 23.04,1998 во Буркина Фасо

Кариера: Сонабел, Итихад Тангер, ЦА Кенифра, Клуб Африкан, Мајадохонда, ЦФ Талавера, Дон Бенито, Струга ТЛ

ПретходноУтре почнува продажбата на билетите за мечот У -21 Македонија – Молдавија!
СледноРеал и дефинитивно тргнува по ѕвездата на Ливерпул, планот е да дојде во јануари!