Хаотичен меч во Втората Бундес лига – дефанзивциве како првпат да играат фудбал! (видео)

158

 

Неверојатни сцени на мечот меѓу Магдебург и Гројтер Фурт во Втората Бундес лига. Два пенали беа свирната по грешки на дефанзивците на двете екипи. Двајцата ја допираа топката со раце додека траеше играта.

Прво пенал за Магдебург откако еден дефанзивец на Гројтер Фурт се збуни кога ја фати топката со рака откако ја доби од голманот. Пеналот го одбрани голманот, но во продолжение на акцијата Магдебург поведе.

Во второто полувреме пенал за Гројтер откако дефанзивец на Магдебург играше со рака. При еден налет беше соборен играч на Гројтер, а домашниот дефанзивец ја фати топката со рака во сопствениот шеснаесетник иако судијата не го свирна фаулот претходно.

На крајот мечот заврши 2:2.

ПретходноМбапе под критики на јавноста во Франција: За репрезентацијата е повреден, а игра за Реал
СледноМанчестер Сити – Премиер лига 1:0