Агуеро бара отштета од Барселона во износ од 3 милиони евра

196

Поранешниот напаѓач на Барселона, Серхио Агуеро бара три милиони евра од каталонскиот клуб, пренесува Мундо Депортиво, повикувајќи се на финансиските извештаи на „блауграните“ за сезоната 2023/24.

Агуеро смета дека Барселона му должи три милиони евра откако предвреме го раскина договорот поради проблеми со срцето. Ова тврдење е пренесено до Социјалниот суд за соодветна постапка.

Да потсетиме, Агуеро во Барселона се пресели од Манчестер Сити во летото 2021 година, по што успеа да одигра само пет натпревари и да постигне еден гол. Поради проблеми со срцето, реши да ја заврши кариерата.

Во меѓувреме, Scores Sports Management, Ltd бара 10 милиони евра од Барселона како надомест за помош при трансферот на крилниот напаѓач Усман Дембеле во ПСЖ во летото 2023 година.
ПСЖ му платил на Дембеле 50 милиони евра за предвремен раскин, но сегашниот извештај вели дека 25 милиони евра од хонорарот добил Муса Сисоко, кој го застапувал Французинот.

Во исто време, Барселона успеа да го реши проблемот со поранешниот дефанзивец Габриел Милито, кој побара од клубот 6,9 милиони евра за предвремен раскин на договорот. Износот на порамнувањето не се открива.

ПретходноЃоковиќ за еден час го „збриша“ противникот и се пласира во осминафиналето во Шангај
СледноКакво понижување: „Џош, штотуку се омажив, но би го оставила мојот сопруг за тебе. П.С Тој е тука!“