Давид Бабунски: Нема да биде лесно, сепак одиме по шест бода!

75

Од вчера нашата најдобра репрезентација се спрема за тоа што ја очекува во овој октомвриски циклус во Лигата на Нации. Прво на 10 октомври и гостуваме на Летонија, за да потоа три дена подоцна играме и со Ерменија во Ереван.

Во пресрет на овие две гостување свое мислење има играчот за врска на нашата селекција, Давид Бабунски:

Од оваа група нас не гледаат како фаворити, сепак јас мислам дека треба да бидеме скромни и да продолжиме да се бориме за оваа шанса за да успееме нешто навистина убаво. Нема да биде лесно. Играме на гости, денеска сите репрезентации го развиваат нивниот фудбал и тактички за развиваат. Немаме многу време да се спремиме, сепак ќе анализраме и ќе ги бараме нивните слаби точки и да ги искористиме сите наши оружја што се вели со цел да ги освоиме сите шест бода“ заврши Бабунски.

ПретходноКонор Мекгрегор уплати 1.000.000 долари на една борба! Еве колку заработи… (ФОТО)
СледноМу рекол дека е „Џеки Чен“ па ФИФА го казни за расизам!