Депај го напушта Коринтијанс по само еден месец

163

Холандскиот фудбалер Мемфис Депај на почетокот на септември потпиша договор со бразилскиот Коринтијанс, а сега се зборува дека ќе си оди. По две асистенции во четири настапи за Коринтијанс, се шпекулира дека Депај ќе мора да го напушти клубот поради обложувалница која е спонзор на клубот.
Како што објави „GOAL“, бразилскиот клуб ќе остане без Депај ако ги изгубат Еспортс да Сорте која е спонзор на клубот. Оваа обложувалница покрива голем дел од платата на Депај, па за клубот губењето на спонзорот ќе значи и губење на холандскиот фудбалер.
Инаку оваа информација доаѓа после информацијата дека споменатата обложувалница е исклучена од листата на овластени агенции за коцкање на територијата на Бразил. Наводно компанијата е под истрага за перење на пари и затоа во моментот е надвор од „игра“.
Договорот на Депај со Коринтијанс е до крајот на 2026 година.

ПретходноФК Вардар доби нов сопственик!
СледноРепрезентативците летнаа за Рига во атак на трите бода против Летонија