Лани беа шампиони, сега „фенерџии“ – Јанг Бојс го смениja тренерот

108

Шампионот на Швајцарија, Јанг Бојс одлучи да го смени тренерот Патрик Рамен по катастрофалните резултати на почетокот на сезоната. Изненадувачки, Јанг Бојс е шампион на Швајцарија, а во новата сезона е последнопласиран на табелата во домашното првенство по девет кола, а во групите на ЛШ забележаа два порази од исто толку натпревари без постигнат гол (од Астон Вила 0:3 и од Барселона 0:5).

Ни беше тешко да го отпуштиме Рамен. Меѓутоа, по опсежни анализи и дискусија дојдовме до заклучок дека е потребна промена. Нашата ситуација на табелата е непријатна. Сакаме да се вратиме на прав пат“, изјави спортскиот директор на Јанг Бојс, Кристоф Шприхер.
Привремен тренер е назначен Жоел Мањин, кој е тренер на У21 тимот. Идното коло, на 19 октомври Јанг Бојс ќе биде домаќин на Луцерн во домашниот шампионат, а во ЛШ на 23 октомври ќе биде домаќин на Интер.

 

ПретходноСвесноста за женското здравје е приоритет: „Флекс кредит“ во соработка со клиниката „Жан Митрев“ организираше работилница за своите вработени
СледноЈуве ја „брка“ ѕвездата од 75 милиони евра по само три месеци?