Втор меч за Работнички во АБА2 сезона и втор убедлив пораз. По домашниот неуспех со Сутјеска, тимот од Градски парк вечерва во Нови Сад просто беше декласиран од составот на Војводина и тоа со 93:62 или пораз со 31 поени разлика.
Разлика која навистина е преголема и сега се поставува прашањето што бараше Работнички да игра во оваа конкуренција која за него, како што се гледа, е пресилна.
Да потсетиме дека во групата Б уште е тимот на Босна.
Во првата фаза од мечот јасно беше дека домашниот тим ќе победи, но далеку од тоа дека некој помислуваше со таква разлика ако се знае дека по првите две чевртини или на пауза се замина со само +9 поени за Војводина. Во тој дел од мечот некогашниот македонски гигант колку – толку се држеше.
Но се падна во вода во третата четвртина која Војводина ја доби си 26:12, а со тој ритам домашните продолжија и во последната за да на крајот резултатот гласеше 93:62, како Војводина да не знаеше да запре.
Сосема очекувано ако се знае со какви се кадровски проблеми се соочуваше тимот од Градски Парк.
Најефикасен во Работнички беше Ефремовски со 17 поени, Ѓуроски реалзиираше 15. Додека кај домашните Дингл забележа 15 поени, а Ребрача 14.