Албанија му понудила на Сефер Емини да игра за нивната репрезентација

663

Според албанските медиуми, Албанската фудбалска федерација и селекторот на тамошната репрезентација Силвињо започнале со работа да донесат нови имиња во националниот тим. Се шпекулира дека еден од посакуваните нови репрезентативци на Албанија е Сефер Емини, 24-годишниот играч за врска кој моментално е активен во Данска во тимот на Сондерјиске.

24-годишниот фудбалер претходно настапуваше за младата селекција на Македонија до 21 година, додека за македонската А репрезентација нема настап. Албанската федерација се надева дека ќе добие позитивен одговор од Емини. Ако прифати да игра за Албанија, тој ќе биде четвртиот македонски фудбалер кој ќе игра во дресот на западниот сосед по Таулант Сефери, Недим Бајрами и Јасир Асани.

ПретходноЛуис Енрике сега “удри“ и по Коло Муани!
СледноЛапорта не се поздрави со Чави, го игнорираше и Бутрагењо