Од вчера нашата најдобра репрезентација се спрема за тоа што ја очекува во овој октомвриски циклус во Лигата на Нации. Прво на 10 октомври и гостуваме на Летонија, за да потоа три дена подоцна играме и со Ерменија во Ереван.
Во пресрет на овие две гостување свое мислење има играчот за врска на нашата селекција, Давид Бабунски:
“Од оваа група нас не гледаат како фаворити, сепак јас мислам дека треба да бидеме скромни и да продолжиме да се бориме за оваа шанса за да успееме нешто навистина убаво. Нема да биде лесно. Играме на гости, денеска сите репрезентации го развиваат нивниот фудбал и тактички за развиваат. Немаме многу време да се спремиме, сепак ќе анализраме и ќе ги бараме нивните слаби точки и да ги искористиме сите наши оружја што се вели со цел да ги освоиме сите шест бода“ заврши Бабунски.