Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не се поздравил со Чави на денешниот настанот на Андрес Иниеста со кој тој го објави своето заминување во фудбалска пензија.
Претседателот и поранешен тренер на Барселона присуствуваа на настанот, но не комуницирале меѓу себе. Тие пристигнале во различни периоди, а нивните места во гледалиштето биле на голема оддалеченост. Покрај тоа, Чави не отишол да се поздрави ни со директорот на Каталонците, Деко.
Исто така, шпанските весници пишуваат дека Лапорта не се поздравил ниту со директорот на Реал Мадрид, Емилио Бутрагењо.