Лео Меси со специјална порака до Иниеста! (ФОТО)

131

Андрес Иниеста самиот објави дека и официјално става крај на својата блескава кариера. Во свое време беше еден од најдобрите фудбалери во светот, стана легенда на Барселона и репрезентацијата на Шпанија, а заедно со Меси и Чави ја сочинуваа таа “тројка“ која со Барса господареше во светот на фудбалот.

Откако и официјлано преку видео – порака објави дека е крај, се огласи Лео Меси со емотивна и специјална порака на социјалните мрежи:

Андрес, ти беше еден од соиграчите со најмногу магија, еден од оние со кои уживав да играм. Ќе и недостасуваш на топката, а и на сите нас. Ти посакувам се најдобро, ти си феномен“.

Претходно“Бомба“: Реал Мадрид тргнува по Палмер со 180 милиони евра?!
СледноНеверојатно: Тиквеш е без постигнат гол дури 375 минути!