Манчестер Ј. неколку недели ќе биде без Мегваер

46

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер објави дека ќе паузира од фудбалските терени „неколку недели“. Искусниот дефанзивец заработи повреда на дербито со Астон Вила викендов, па на социјалните мрежи потврди дека ќе мора да помине одреден период на рехабилитација.

Тој се врати во стартната постава на „црвените ѓаволи“, но беше принуден да биде заменет. По натпреварот, Мегваер беше забележан како носи заштитна чизма.

„Разочаран сум што заработив повреда викендов. Ќе отсуствувам неколку недели, но ќе се вратам уште посилен“, напиша Мегваер.

ПретходноЛапорта не се поздрави со Чави, го игнорираше и Бутрагењо
СледноВардар знае како се победува во Европа: Триумф над Валур во Европската лига (ФОТО)