Марко Алчевски: Со победа да ги завршиме квалификациите!

50

Младата репрезентација на Македонија денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје ќе ги продолжни подготовките за претстојните два натпревари од квалификациите за пласман на Европското првенство кое 2025 година ќе се одржи во Словачка.

На 11. октомври, ја пречекуваме селекцијата на Молдавија, на домашен терен. Пет дена подоцна на гостински терен играме против селекцијата на Грузија.

Голманот на репрезентацијата на Македонија до 21 година, Марко Алчевски даде свој коментар за претстојните натпревари на нашите фудбалери.

– По големата победа над Шведска на самиот старт на квалификацискиот циклус, сите очекувавме многу подобри игри и подобри резултати, како и повисок пласман на табелата, меѓутоа не идеше се по планот. Потфрливме и не бевме на нивото на неколку клучни натпревари, кои според мене моравме да ги добиеме.

-Мислам дека најмногу недостасуваше реализацијата на претходните натпревари, мораме да ја подобриме форма, пред се на индивидуално ниво во нашите клубови. Сите треба да работиме и да се трудиме повеќе на тренинзите, само така можеме да напредуваме и да се подобруваме.

-Првите мечеви против Молдавија и Грузија ги загубивме, иако не го заслуживме тоа. Се надевам дека на овие натревари ќе одиграме добро и ќе оствариме победи. Секогаш кога се игра за Македонија, мораме да атакуваме на победа, без разлика кој е противникот..

-Имаме добра атмосфера во репрезентацијата, нашата цел е да завршиме што е можно повисоко на табелата.

 

ПретходноЈуве ја „брка“ ѕвездата од 75 милиони евра по само три месеци?
СледноГолем удар за Дон Флорентино: Вирц не доаѓа во Мадрид, во Минхен се смешкаат!