На германски репрезентативец му рекле дека нема да игра, па му откажа на селекторот

110
Foto> @DFB_Team_EN

Искусниот германски голман Бернд Лено не е повикан во репрезентацијата за октомвриските натпревари од Лигата на нациите против БиХ на 11 октомври и против Холандија на 13 октомври.
Лено во кариерата одигра 182 натпревари во Премиер лигата и беше дел од националниот тим покрај Мануел Ноер и Марк Андре тер Штеген. Поради нивните изостаноци се очекуваше единицата да ја земе Лено, но тоа нема да се случи.

Разговарав со селекторот и со тренерот на голманите и бевме искрени. Ми рекоа да дојдам на тренинзите, но и дека нема да бранам па затоа одлучив да останам во Лондон и да тренирам. Јулијан знае дека секогаш сум тука за репрезентацијата и дека можам да помогнам, но со 32 години веќе не сум нов играч. Никогаш не поставував услови, секогаш ги исполнував задачите на тренерите, но сега е поинаку“, изјави Лено за „Билд“.
Селекторот Јулијан Нагелсман одлучи во репрезентацијата да ги повика Александар Нибел, Оливер Бауман и Јанис Влашвик.

ПретходноРепрезентативците летнаа за Рига во атак на трите бода против Летонија
СледноСвесноста за женското здравје е приоритет: „Флекс кредит“ во соработка со клиниката „Жан Митрев“ организираше работилница за своите вработени