Познати двојките: Италијанскиот Суперкуп во јануари во С. Арабија

68

Официјалната веб-страница на Серија А ги објави датумите, форматот и местото на одржување на италијанскиот Суперкуп 2024/25.

Следното издание на турнирот ќе се одржи во јануари 2025 година. Домаќин на натпреварите ќе биде „Кинг Арената во Ријад“ (домашниот стадион на Ал Хилал), Саудиска Арабија.

Освојувачот на последниот Суперкуп, во полуфиналето ќе се сретне со Аталанта. Во вториот полуфинален меч ќе играат Јувентус и Милан.

02.01.2025. Интер – Аталанта

03.01.2025. Јувентус – Милан

Финалето ќе се одигра во понеделник, 6 јануари 2025 година.

ПретходноВардар знае како се победува во Европа: Триумф над Валур во Европската лига (ФОТО)
Следно„Црвено-црно“ во Европа повторно е во мода! (ФОТОГАЛЕРИЈА)