Столе Димитриевски, еден од најдобрите голмани во Ла Лига минатата сезона, во текот на летото направи голем трансфер кога од Рајо Ваљекано се пресели во Валенсија. Но проблемот е во тоа што Мамардашвили остана на “Местаља“, па сега Столе дреме на клупата и се уште ја чека својата шанса.
Македонецот за “Радио Марка“ покрај другото говореше и за овој негов проблем:
„Комплицирано е, бранев постојано десет години и сега сум на клупа. Јасно е тешко се снаоѓам во оваа ситуација. Сега сум во момент кога се обидувам да му помогнам на тимот бидејќи имаме и многу млади играчи. Знаеме дека во фудбалот може да се случат чудни работи, а тоа ми се има случено и претходно. Јас сум во клубот каде што сакав да бидам, сега работам и ја чекам мојата шанса да му помогнам на тимот. Се надевам дека тренерот ќе ми ја даде таа шанса да остварам победи и да избегам од долната зона“ посочи Димитриевски.