ЦЕВ Куп: Струмица со репрезентативен состав вечерва сака прва европска победа

137

Одбојкарите на македонскиот шампион Струмица вечерва (19 часот) во салата „Парк“ ќе го одиграат првиот меч од 1. коло во ЦЕВ Купот против екипата на Фино Капошвар од Унгарија. Струмичани добија три екстра засилувања во пресрет на овој двомеч со Унгарците со обезбедувањето на тројцата македонски репрезентативци Никола и Ѓорѓи Ѓоргиев и Александар Љафтов, кои додека очекуваат странски ангажман прифатија да и помогнат на Струмица во битката да се мине едно коло во европските клупски натпреварувања.

Тренерот Кире Ричлиев вечерва во салата „Парк“ ќе имаат практично цел состав на македонската одбојкарска репрезентација, засилен со интернационалецот од Украина Волков, со што треба да ја преземат улогата на фаворит во дуелот со Капошвар. Покрај репрезентативното „трио“ кое го добија минатата недела, струмичани од претходно во своите редови ги имаат исто така репрезентативците Владо Милев, Филип Маџунков, Стојан Илиев, Филип Лепидовски и Дарко Ангеловски, со што сериозно претендираат за пласман во 1/16-финалето на ЦЕВ Купот.

Судии на вечерашниот меч ќе бидат Игли Фешти од Албанија и Атанас Варбанов од Бугарија.

ПретходноВардар по две години ја очекува првата европска радост
СледноХанси Флик одлучи: Ѕвездата на Баерн доаѓа во Барселона?!