Македонија во Ц Лигата на Нации во групата 4, во првиот меч од октомврискиот циклус веќе во четврток игра со Летонија и тоа во Рига. Мечот започнува во 18 часот. Јасно е дека од нашите момци се очекуваат победа и три бода, но исто така јасно е дека нема да биде лесно.
Стоперот Јован Манев за тоа што може да се очекува од гостувањето во Рига изјави:
“Секако дека од натпревар до натпревар има разлика. Пред нас се две гостувања, прво во Летонија а потоа и во Ерменија. Се надевам и очекувам да го дадеме максимумот во Летонија и ќе ги освоиме три бода а потоа ќе размислуваме за Ерменија. Во фудбалот нема веќе фаворити, ние не потценуваме никого. И Летонија и сите други си имаат свој квалитет, сепак ние одиме на победа“.