Балотели се враќа во Серија А?!

144

Дали Марио Балотели ја доби понудата која ја чекаше толку долго? Имено познато е дека тој е во преговори со тимот на Интерсити од третата лига во Шпанија, но најново е тоа, барем според медиоумите во Италија, дека е можно враќање на Супер – Марио, некогаш еден од најдобрите напаѓачи во светот, во Серија А и тоа во тимот на Торино.

Клубот од Торино остана без Дуан Запата кој потешко се повреди па сега се бара опција како негова замена. Се споменува и Балотели, некои шпекулираат дека се почнати и преговорите па така нема да биде сензација ако Супер – Марио дојде во таборот на “биковите“.

Кога сме кај кариерата на Балотели, тој во Италија има играно за Интер, Бреша и Монца, додека играше и за Манчестер Сити, Ница, Марсеј, Сион и Адана Демирспор заедно со нашиот Јован Манев.

ПретходноНеверојатно: Тиквеш е без постигнат гол дури 375 минути!
СледноКонор Мекгрегор уплати 1.000.000 долари на една борба! Еве колку заработи… (ФОТО)