Кадетите во триатлон се вратија со медали од БП во Романија

19

Македонскиот триатлон доживеа голем успех на Балканското триатлон првенство во кадетска категорија, што викендов се одржа во Изворани, Романија. Јосиф Малински (15) освои прво место во балканска конкуренција и второ во апсолутна, а Марио Брезовски (14) беше втор во балканска конкуренција и трет во апсолутна. И двајцата се членови на скопскиот ТК „Триоги рејсинг”.

Од Триатлон федерацијата им честитаат за успехот и им посакуваат уште многу успеси и мотивација за понатамошната работа и вложување.

-Ова е голем успех за нашите триатлонци. Работиме напорно, се трудиме да го донесеме триатлонот рамо до рамо барем со балканските земји, гледајќи перспективно и подалеку. Патот не е едноставен, ресурсите се многу ограничени, но ентузијазмот е тој што не држи на оваа патека. Имаме генерации младинци што можат многу да постигнат, ние, а и државата треба да им помогнеме да го остварат тоа – вели Данчо Ѓорѓијевски, селектор на триатлон репрезентацијата и основач на клубот „Триоги рејсинг”.

Македонската репрезентација на Балканското првенство успешно ја претставија и: Бобан Јаневски, Филип Здравев, Варвара Атанасовска (Триоги рејсинг – Скопје) Матео Мачоски и Тија Кукунешоска (3Disciplines од Струга) и Стефан Делев (ТК „Софка”).

ПретходноХанси Флик одлучи: Ѕвездата на Баерн доаѓа во Барселона?!
СледноАнгеловски: Публиката ќе ни помогне да се претставиме во одлично светло