Џош Ален е голема ѕвезда во НФЛ. Има многу девојки кои лудуваат по него, но и тие што веќе се омажени го посакуваат и не го кријат тоа и тие го посакуваат 28-годишниот член на Бафало Билс.
Сепак една девојка отиде предалеку, го понижи својот маж пред сите, пред цел свет што се вели.
Имено таа на мечот меѓу Бафало и Џексонвил, истакна транспарент на кој буквално пишуваше:
“„Џош, штотуку се омажив, но би го оставила мојот сопруг за тебе. П.С Тој е тука!“.
Несреќниот маж стоеше до нејзе и не смееше да писне, а по ова фановите и тоа како беа огорчени па ја критикуваа во коментарите на социјалните мрежи.