Луис Енрике сега “удри“ и по Коло Муани!

127

Навистина што се случува во ПСЖ? Ако на самиот старт на новата сезона се беше како во бајка во таборот на “светците“ сега веќе не е така. Од ден на ден медиумите во Франција ги пренесуаат медиумите во тимот, посебно на релација Луис Енрике со своите играчи.

Прв на удар беше Усман Дембеле, потоа на ред дојде голманот Џиџи Донарума а сега тоа е Коло Муани.

Кога сме кај последниот Л`Екип пренесува дека Луис Енрике побарал од раководството на клубот уште во јануари да се продаде напаѓачот кој е репрезенативец на Франција. Имено Шпанецот смета дека Коло Муани едноставно не може да се адатптира на неговиот систем и дека затоа не го дава тоа што се очекува од него.

Сепак има проблем, а тоа што ПСЖ за Коло Муани даде 95 милиони евра минатото лето 2023 и сега тешко дека би си ги вратил тие пари, за зарботка да не правиме муабет.

Кој не го разбира системот и не се вклопува во колективот, може да си оди“ – тоа е девизата на Луис Енрике.

ПретходноЦЕВ Куп: Репрезентативците ја „вивнаа“ Струмица кон 1/16-финалето, убедлива победа над Капошвар
СледноАлбанија му понудила на Сефер Емини да игра за нивната репрезентација