Иако игра добро, иако речиси на сите досегашни девет меча во новата сезона имаат по неколку шанси, но сепак голот е мисловна именка за играчите на Тиквеш, пред се за напаѓачите на кавадаречкиот прволигаш.
Замислете, Тиквеш не знае што е гол дури 375 минути, поточно на последните четири средби и на таа претходно со Работнички кога го беше поразен со 3:1 а Витао во 75.минута го погоди голот на противникот. Значи од тој меч со Работнички, кој се одигра на 15 септември, па досега, тимот од Кавадарци нема постигнато гол.
Колку е голем овој прроблем за тимот на стратегот Ѓорѓи Мојсов е фактот дека само на два од деветте меча сезонава неговите момци стрелале во противничката мрежа. Прво на мечот со Воска кога победија со 2:1 кога двата гола беа дело на Спахиу и тој споменатиот на Витао со Работнички.
Како тренер ти можеш да направиш тактика, ќе го спремиш тимот како што треба, твојот тим ќе има шанси и зицери, но сепак играчите се тие кои што постигнуваат голови.
Инаку Тиквеш има само една победа, четири ремија и четири порази од кои еден службен со Вардар. Инаку и на тој меч кавадарчани не постигнаа гол.
Еве ги сите резултати на Тиквеш оваа сезона:
1.коло: Струга ТЛ – ТИКВЕШ 1:0
2.коло: ТИКВЕШ – Воска 2:1
3.коло: Беса – ТИКВЕШ 1:0
4.коло: ТИКВЕШ – Гостивар 0:0
5.коло: Работнички – ТИКВЕШ 3:1
6.коло: ТИКВЕШ – Вардар 0:1 (0:3 службено)
7.коло: Брера – ТИКВЕШ 0:0
8.коло: ТИКВЕШ – Силекс 0:0
9.коло: Пелистер – ТИКВЕШ 0:0