Капитенот на македонскиот национален тим, Енис Барди е оптимист пред утрешниот натпревар со Летонија во Лигата на нациите. Тој верува дека Македонија може да победи и да го задржи првото место пред следниот меч со Ерменија во гости.
„Одговорноста е кај секој од нас за овие натпревари, иако секако многумина очекуваат од мене да го понесам тимот. Подготвен сум како и секогаш да бидам во функција на тимот. Но, ние сме колектив а не поединци и така ќе се однесуваме и утре атакувајќи на трите бода против Летонија. Како што кажа селекторот,. ние сакаме да играме под притисок затоа што тоа ни е мотив да го дадеме најдоброто од себе“, додаде Барди.