Новиот голман на Барселона, Војчех Шчесни е вклучен во составот на Каталонците за натпреварите во Лигата на шампионите. УЕФА го регистрираше полскиот голман на местото на повредениот Марк-Андре тер Штеген, кој ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната.
Планот на Ханси Флик е Шчесни да ја искористи двонеделната репрезентативна пауза за да се тонизира и да биде подготвен за дуелите против Севиља на 20 октомври, Баерн на 23 октомври и големото „Ел Класико“ против Реал Мадрид на 26 октомври.
Покрај Шчесни и Ињаки Пења, Барселона пријави уште тројца голмани од својата академија за средбите од Лигата на шампионите.