Верстапен за тоа дали ќе “раскине“ со Ред Бул: Можеби да, можеби не…

85

Откако Ред Бул не е така доминантен како што беше во изминатите 3-4 години во Формула 1, откако Макс Верстапен веќе подолго време не знае што е победа, иако во генералниот пласман сеуште е водечки, зачестија шпекулациите дека тој има намера да си оди.

Посебно ако се знае дека Адриан Њуи од следната сезона нема да биде во тимот, а познато е дека Кристијан Хорнер не е во добри односи со семејството Верстапен.

На прашањето дали Макс има намера да го раскине договорот со Ред Бул кој е со важност до 2028 година, светскиот шампион не беше конкретен:

Можеби да, можеби не. Знам само едно, а тоа е дека мојот следен чекор ќе биде последен во мојата кариера. Не е исклучено да потпишам нов договор со Ред Бул, не е исклучено ни да ставам крај на мојата кариера набрзо, сепак во овој момент тоа не е приоритет за мене, има време за размислување што и како понатаму. Во принцип јас не сум човек што сака да ги менува тимовите, лично сакам континуитет“ рече покрај другото Холанѓанецот кој е трикратен светски првак во низа во Формула 1.

Инаку Верстапен е човек на Ред Бул уште кога влезе во Ф1. Никогаш не возел за друг тим, ако не се смета Торо Росо кој во таа 2016 беше втор тим на Ред Бул.

Претходно“Не е нормално да европскиот шампион сеуште нема нов договор!“
СледноШарлот го отпушти Двејн Вашингтон, а тој се враќа во Партизан