Работнички се прости од ЛШ, сега погледите се кон ЦЕВ Купот

50

Со втор пораз, екипата на Работнички ги заврши настапите во Лигата на шампионите. Вечерва во Миовени, шампионките и вторпат загубија од силниот романски првак Волунтари со 3:0 и со тоа ги завршија настапите во најсилното европско клупско натпреварување.

ВОЛУНТАРИ – РАБОТНИЧКИ   3:0 (25-11, 25-16, 25-15)

И во вториот настап во дебито во најквалитетното европско клупско натпреварување, Работнички имаше шанса да акумулира искуство од настапите во вака силна конкуренција, особено што оваа елиминација во ЛШ ќе ги испрати „железничарките“ во ЦЕВ Купот, каде ќе продолжат во рамките на 1. елиминациско коло.

Волунтари и вечерва демонстрираше квалитет кој може да ги донесе и до самата завршница на натпреварувањето. Во вториот сет Работнички прикажа најдобра одбојка и му даде достоен отпор на поквалитетниот ривал.

Баталаковска и Ѓурѓевиќ со по 6 поени беа најефикасни кај Работнички денеска. По 4 поени реализираа Милевска, Павловска и Николова.

ПретходноРепрезентативците одбработија тренинг во Рига – само победа е во мислите (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноКарсли викна дебитанти во националниот тим на Англија