Ангеловски: Бод како куќа! Браво за моите борци, штета што не успеавме да победиме!

222

Бранислав Ангеловски, тренерот на Пелистер се чини го има најголемиот притисок, барем кога станува збор за фановите на актуелниот македонски првак. Поразите од Алкалоид и Вардар 1861 тешко се простуваат. Па вечерва во салата „Боро Чурлевски“ навивачите му испратија порака дека е време да си замине од клубот.

Ангеловски и покрај ова заедно со неговите момци на дело покажаа дека сезоната е штотуку започната, па Пелистер ќе сјае како што посакуваат сите поддржувачи.

После бодот стратегот на битолчани беше задоволен од она што ракометарите го спроведоа на теренот против Спортинг, тим кој нема пораз, имаше три победи во низа до дуелот со Пелистер, кој заврши 24-24.

„Бод како куќа, конечно урнавме една тежина, еден притисок кој се рефлектираше на нашата игра. Морам да им се заблагодарам на моите играчи, на моите борци кои веруваа во позитивен резултат, тоа на крајот го покажаа против силен противник. Спортинг во последните 20 меча има 18 победи, еден пораз од Барса и реми со нас. Се обидуваме сите заедно да оставиме впечаток.

Мечот го држевме под контрола добри 45 минути, бевме во константно водство. Неколку технички грешки и неколку судиски грешки, беа причина што мечот доби друг тек.  

Пак ќе повторам, благодарност до сите кои веруваа во нашата добра игра, штета што не извојувавме победа, но верувам дека понатаму ќе имаме реални шанси да оставиме подобар впечаток“, изјави Ангеловски на официјалната прес-конференција.  

ПретходноМитревски: Нашата упорност и верба во себе ни го донесе овој бод!
СледноЕден ама вреден: Голот на Павле Атанасијевиќ за голема радост во Битола (ВИДЕО)