Барса го пријави Шчесни за Лигата на шампионите

44

Новиот голман на Барселона, Војчех Шчесни е вклучен во составот на Каталонците за натпреварите во Лигата на шампионите. УЕФА го регистрираше полскиот голман на местото на повредениот Марк-Андре тер Штеген, кој ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната.

Планот на Ханси Флик е Шчесни да ја искористи двонеделната репрезентативна пауза за да се тонизира и да биде подготвен за дуелите против Севиља на 20 октомври, Баерн на 23 октомври и големото „Ел Класико“ против Реал Мадрид на 26 октомври.

Покрај Шчесни и Ињаки Пења, Барселона пријави уште тројца голмани од својата академија за средбите од Лигата на шампионите.

ПретходноЛШ: Е. Пелистер вечерва домаќин на забревтаниот Спортинг
СледноУ19: Младите надежи денеска против Летонија на стартот на квалификациите за ЕП