Дориев уште две години во Согдиана!

216

И официјално и дефинитивно, нашиот интернационалец во Узбекистан, Љупчo Дориев потпиша нов договор со Согдиана, откако важечкиот му истекува на крајот од оваа година. Јасно беше дека Согдиана и тоа како има намера да го задржи Македонецот во своите редови ако се знае дека Дориев во изминатата 1,5 година блескаше во нападот на тимот од Узбекистан.

И кога е така тогаш лесно беше Дориев и Согдиана да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката.

Инаку Дориев во својата кариера има играно и за Шкендија, А. Пандев, Хоризонт Турново. Беше и репрезентативец на Македонија, но во последно време од неразбирливи причини селекторот Благоја Милевски не смета на него.

ПретходноНовак: „Уверен сум дека и натаму можам да играм на највисоко ниво“!
СледноПо 147 години: Вимблдон со историска одлука, нема веќе да има линиски судии!