Довчерашниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп од јануари ќе биде нов директор на „Global Head of Soccer“ во Ред Бул.
Клоп веќе има потпишано долгорочен договор и ќе ја започне својата нова улога во Ред Бул на 1 јануари 2025 година, објави германски „Скај Спортс“.
Германскиот стручњак на тој начин ќе се испроба во улогата на стратешки менаџер и ќе биде одговорен за меѓународната мрежа на сите фудбалски клубови поврзани со Ред Бул. Клоп на тој начин ќе ги помага шефовите на РБ Лајпциг, Салцбург и Њујорк Ред Булс, и ќе работи на натамошен развој на фудбалската филозофија на компанијата. Тој, исто така, треба да ја користи својата мрежа за скаутирање и избирање тренери и таленти, вклучително и во Бразил и Јапонија.
Клоп во договорот има посебна клаузула која е поврзана со евентуален ангажман во германската репрезентација, а доколку еден ден добие понуда, му е загарантирана опција за излез од Ред Бул.