И тоа како лоши вести за сите во Ливерпул, а посебно за стратегот Арне Слот. Имено повредата на голманот Алисон Бекер била од потежок каралтер и Бразилецот ќе мора да биде најмалку шест недели надвор од терените.
Ова значи дека Алисон не ќе може да брани за “редси“ на следните 7-8 натпревари и се очекува да биде фит дури по наредната ноемвриска пауза. Ова секко дека е проблем за Слот.
Инаку Алисон се повреди на последниот меч на Ливерпул во победата над Кристал Палас од 1:0.
Тој деновове беше подложен на детални лекарски тестови и беше востановено дека сепак ќе мора подолго време да биде на рехабилитација.