Милевски: Притисокот ни дава мотив, верувам во овие момци

63

Селекторот на македонската репрезентација, Боби Милевски верува дека неговите избраници ќе одиграат уште еден квалитетен натпревар за бодови во Групата 4 од Ц-Лигата на нациите на утрешниот натпревар против Летонија во Рига.

Милевски за климата во соблекувалната и карактеристиките на противникот рече:

Летонија има максимален респект од нас, но концентрацијата е на нашата игра и тоа како ќе изгледаме на терен. Потенцирам дека Македонија ќе се прашува за првото место во групата.

Ќе ни недостасуваат Зајков и Серафимов, кои имаат картони, но и Чурлинов и Трајковски, кои се повредени. Сепак, сите кои се во комбинација за настап ќе одговорат на предизвикот и на тоа што се очекува од нив.

Размислувам за повеќе опции за стартниот тим, верувам дека сите останати ќе бидат здрави и ќе се стават во функција на тимот. Пред почетокот на натпреварот ќе одлучам со кои играчи ќе настапиме“.

За притисокот од јавноста пред мечот со Летонците и со Ерменија?

Ние сакаме и да чувствуваме еден вид притисок на натпреварите, затоа што тоа на некој начин е и мотив за сите нас. Притисокот и очекувањата од јавноста значат дека таа очекува нешто од вас, а очекувањата значат дека досега сте покажале некаков квалитет што ги натерало да веруваат во вас.

Вербата во овие момци е повеќе од значајна за успех. Јас, ќе повторам, силно верувам буквално во секој поединец тука затоа што заслужува да биде“.

ПретходноШарлот го отпушти Двејн Вашингтон, а тој се враќа во Партизан
СледноБарди: Со колективна игра до трите бода против Летонија