Митревски: Нашата упорност и верба во себе ни го донесе овој бод!

92

Актуелниот македонски првак дојде до првиот бод во Лигата на шампиони после серија од 17 порази. Вечерва во Битола е вратена надежта, против Спортинг Лисабон освои бод, се вратија од три гола негатива. Павле Атанасијевиќ ги постави конечните 24-24.

„Тежок меч, почнавме добро, бевме добри некои 45 минути. По неколку наши решки Спортигн го сврти резултат, но нашата упорност и верба во себе придонесе да освоиме бод. Ако се земе целата ситуација ние загубивме еден бод. Убаво што освоивме бод, а за тоа се заслужни сите кои што се поврзани со клубот, од тренерот и играчите до управата. Им честитам на сите за освоениот бод и пожртуваната игра“, изјави Никола Митревски, кој вечерва беше на ниво на задачата, неговото искуство против португалски тимови беше и тоа како значајно за овој бод. 

Следен противник на Пелистер е Висла, мечот се игра на 17-ти октомври во Плоцк.

ПретходноКаква драма во Битола: Пелистер се врати од минус три и го освои првиот бод во ЛШ (ФОТО)
СледноАнгеловски: Бод како куќа! Браво за моите борци, штета што не успеавме да победиме!