Недановски: Малку потфрливме во вториот дел, но најважна е победата

97

Ракометарите на Вардар вчера тргнаа со победа во ЕХФ Европската лига. Во Скопје со убедлив резултат беше совладан исландски Валур (33-26), а тренерот на „црвено-црните“ вели дека е делумно задоволен, но мора да се подобри играта во вториот дел.

„Очекував повеќе публика, но очигледно тие што навистина го сакаат Вардар беа на трибините. Одигравме одлично прво полувреме, особено во одбраната. Потоа повторно ни се случи да потфрлиме во вториот дел. Тоа треба да го подобриме и очигледно мора повеќе да се потрудиме. Најважно е што стартувавме со победа“, изјави Недановски.

ПретходноЃоргиев по победата на Струмица: Првиот чекор е направен, на реваншот ќе одиме од нула
СледноДембеле ќе ја добие „седумката“ на Гризман во репрезентацијата на Франција