Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер во историјата се пласираше во 1/4 финалето на Мастерсот во Шангај, откако денеска во осминафиналето со 2:0 во сетови успеа да го победи Роман Сафиулин.
Првиот сет Србинот го доби со 6:3 во гемови, освен во неколку моменти Новак целосно ја имаше контролата на настаните во овој сет. Во вториот сет беше уште поубедлив, па со 6:2 го доби и тој сет за конечни 2:0, за победа и за очекуаван пласман во следната фаза.
Овој меч траеше еден час и 14 минути, доволен податок за тоа колку беше убедлив Новак во однос на Сафиулин.
Едноставно Новак Ѓоковиќ беше фантастичен, Роман немаше никаква шанса.
Претходно пласман во следната фаза обезбедија и Јаник Синер, Данил Медведев, Карлос Алкараз, кои исто така како Новак славеа со по 2:0 во сетови против своите противници во осминафиналето.