Вардар 1961 победнички се врати на европската сцена. „Црвено-црните“ на домашен терен го совладаа Валур со 33-26 во првото коло од групната фаза во Европската лига.
Следен противник на македонскиот претставник во ова натпреварување ќе биде Мелсунген предводен од Роберто Гарсија Парондо. Шпанскиот стратег на клупата на Вардар ја донесе втората титулата во Лигата на шампиони. Очекувано, за него Скопје и Вардар ќе останат во срцето.
„Во кариерата сум имал многу соочувања со поранешни екипи, но натпреварите со Вардар ќе бидат нешто посебно за мене. Со моето семејство долго време живеевме во Скопје, од таму имам прекрасни спомени“, рече Парондо пред мечот со Вардар кој е закажан за 15-ти октомври.