Дешамп во отсуство на Мбапе именуваше нов капитен на Франција!

86

Фудбалерот на Реал Мадрид, Орелиан Чуамени (22) е новиот капитен на најдобрата фудалска репрезентација на Франција. Ова е одлука на селекторот Дидие Дешамп, кој во отустуство на Килијан Мбапе на овој октомвриски репрезентатовен циклус, се одлучи да му ја даде капитенската лента на дефанзивниот играч за врска на “кралевите“.

Треба да се каже дека заменикот на Мбапе, Нголо Канте исто така е повреден. Покрај Чуамени кандидати за капитен на тимот беа и Мајк Мењон, Ибрахим Конате и Жил Кунде.

Сепак, како што рековме веќе, изборот на селекторот Дешамп беше Чуамени кој досега за Франција има одиграно 36 натпревари.

ПретходноПандев, Лазаров и Иџе нема веќе да рекламираат обложувалници, казина и брзи кредити!
СледноФА побара доживотна суспензија за Лукас Пакета!