Клоп од нова година со нова работа: Ќе биде стратешки менаџер на клубовите на Ред Бул

120

Довчерашниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп од јануари ќе биде нов директор на „Global Head of Soccer“ во Ред Бул.

Клоп веќе има потпишано долгорочен договор и ќе ја започне својата нова улога во Ред Бул на 1 јануари 2025 година, објави германски „Скај Спортс“.

Германскиот стручњак на тој начин ќе се испроба во улогата на стратешки менаџер и ќе биде одговорен за меѓународната мрежа на сите фудбалски клубови поврзани со Ред Бул. Клоп на тој начин ќе ги помага шефовите на РБ Лајпциг, Салцбург и Њујорк Ред Булс, и ќе работи на натамошен развој на фудбалската филозофија на компанијата. Тој, исто така, треба да ја користи својата мрежа за скаутирање и избирање тренери и таленти, вклучително и во Бразил и Јапонија.

Клоп во договорот има посебна клаузула која е поврзана со евентуален ангажман во германската репрезентација, а доколку еден ден добие понуда, му е загарантирана опција за излез од Ред Бул.

ПретходноОдбојкарките на Работнички вечерва на реванш со Волунтари во ЛШ
СледноКој е Љупчо Андоновски, човекот без кој не летаат чартерите на ФФМ!?