Македонија У19 ремизираше против Летонија на стартот на евро-квалификациите

278

Репрезентацијата на Македонија до 19 години одигра реми 1:1 против Летонија во првото коло од квалификациите за ЕП 2025 во Романија.
Мечот се одигра во Диферданж во Луксембург како дел од мини турнир, а по првото полувреме немаше погодоци.
Во 60 минута Мицкевич ја начна нашата мрежа. Во 76 минута изедначи Матеј Гаштанов од пенал што беше и конечен резултат на натпреварот.
Во оваа група 12, Словачка го победи Луксембург со 2:1.
На 12 октомври Македонија ќе игра со Словачка, а на 15 октомври со Луксембург.

ПретходноКарсли викна дебитанти во националниот тим на Англија
СледноПик Сегед сигурен во Загреб!