Тренерот на Легија се соочува со три години затвор под обвинение дека физички го нападнал претседателот на неговиот претходен клуб Според полските медиуми, во март 2023 година, Гонсало Фејо фрлил пластичен предмет кон претседателот на својот претходен клуб Мотор Лубин.
Португалскиот фудбалски тренер Гонсало Фејо, кој од клупата ја предводи Легија Варшава е под кривична истрага за „повредување на едно лице и закани“, изјави за АФП портпаролката на обвинителството во Лублин, Агњешка Каепка.
„Нему му се заканува затворска казна до три години“, додаде таа.
Лани во април Фејо потпиша договор со Легија од Варшава.