Најдобриот тенисер во историјата речиси да немаше никакви проблеми во 1/8 финалето на Мастерсот во Шангај против Роман Сафиули. Новак Ѓоковиќ за еден час го “збриша“ Русинот и успеа да се пласира во 1/4 финалето.
Јасно е дека по мечот Србинот беше и тоа како задоволен од својот настап, па покрај другото изјави:
“Ова е речиси идеално, ова е блиску десетка. Вчера и денеска верројатно ги одиграв своите најдобри мечеви по ЛОИ во Париз, одамна не сум играл така добро. Уживам на теренот и кога е така тогаш има уживање и кога ги удираш топчињата. Ваквите мечеви и ова што сега го чувствувам е главната причина зошто сум уште на терените, зошто уште играм тенис. Искрено уверен сум дека и натаму можам да играм на највисоко ниво“посочи Србинот.