Македонските спортски легенди се откажале од рекламирање на обложувалници, казина и брзи кредити. Ова денеска на прес – конференција го кажа министерот за спорт на Р. Македонија, Борко Ристовски.
Министерот одржа прес – конференција на која главна тема беше 100 влада во ресорот спорт.
Како што кажа Ристовски, легендите Горан Пандев, Кире Лазаров и Игор Стефановски – Иџе во иднина нема веќе да рекламираат обложувалници, казина и брзи кредити. Тој лично разговарал со нив на оваа тема и тие се согласиле во иднина веќе тоа да не го прават. Треба да се каже дека Лазаров веќе извесно време не се појавува како промотор.
Тој истакна и дека нема ништо спорно компанииите кои се занимаваат со оваа дејност да финансираат федерации и клубови.